16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Општина Центар почнува со акција за отстранување паркинг-блокатори

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во наредниот период почнува со засилени контролни активности за ослободување на јавните површини што се под надлежност на Општината.

Во деновите што следуваат инспекторите ќе вршат надзори и ќе ги санкционираат сите правни и физички лица што имаат поставено блокатори за паркинг на улиците, тротоарите или другите јавни површини.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани и правни лица, кои без потребна документација имаат поставено блокатори на јавни површини, во најкраток можен рок сами да ги отстранат.

Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општинските служби, а на одговорните ќе им бидат изречени глоби и санкции во согласност со Законот за јавната чистота.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Утре и задутре сообраќајот на овие сообраќајници ќе биде ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ!

ДЕСК

Известување за нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица “Белградска”

ДЕСК

80 години гордост, страст и традиција – ФК Пелистер

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.