10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Кузеска: Имаме рекордни износи на странски директни инвестиции

Во 2022 годна, една од најкризните години во Европа, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции, објави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Со тоа ланската година била заокружена со 43 милиони евра странски инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони. За истиот период, вели Кузеска, во ТИР-зоните се отворија 2.300 работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

„Истовремено, продолжува засилената државна помош кон компаниите. 2022 година ја завршивме со рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број поддржани компании, односно 410 компании по Законот за финансиската поддршка на инвестициите. Бројот на компании, како и буџетот за поддршка, расте секоја година, од 2017 година па наваму. Во 2022 година имаме зголемување од 79 % проценти на исплатена финансиска поддршка, односно од 12,9 милиони во 2021 на 23 милиони евра во 2022 година“, рече Кузеска.

Како што оцени, сето ова дава огромен придонес во одржување на економската стабилност, но и во растот на платите и намалување на невработеноста.

Спонзорирано: