Најавите на Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ и неколку бизнисмени блиски до поранешниот режим дека во Македонија ќе нема струја, ќе има рестрикции, дека ќе има драстично поскапување буквално пропаднаа во вода.
Во самиот ек на зимата, државата се пофали дека произвела 18.835 Mwh струја, при што се задоволени сите потреби на домаќинствата и малите компании.
Но најинтересен е фактот што државата има и бенефит од производството на струја, со тоа што само во изминатите 24 часа се продадени 330Mwh ноќни вишоци на струја, пари кои доаѓаат назад во македонскиот буџет.
Мицкоски во изминатите две години во повеќе наврати најавуваше рестрикции, големи поскапувања на струјата, но ништо од тоа. Граѓаните досега не видоа рестрикции бидејќи струја има.
А струја ќе има се повеќе и во следните години бидејќи во државата се случува Соларна офанзива, насекаде се поставуваат сончеви панели, се градат ветерни паркови…
И анти-западната “баба Рога” ја плашеше светската јавност и за гасот и нафтата, но се пропадна во вода
Анти-западните медиуми низ целиот свет во екот на летото ја плашеа јавноста за наводно драстично зголемување на цената на гасот, па и до целосен прекин на снабдувањето со природен течен гас на европскиот континент. Се објавуваа видеа од тоа како Европа би живеела во мраз и студ, а во Русија би било топло поради ресурсите кои ги има, но се случи пресврт, па така цената на гасот на светските берзи сега е поевтина дури од пред војната во Украина, а гасните складишта во земјите на ЕУ се преполни, па така бродови со ефтина руска нафта кружат заглавени по теснеците, немајќи каде да ја продадат низ Европа.
According to Russian propaganda, this is what Tinder will look like this winter in EU: freezing women chasing after Russians who can afford electricity, heat and hot water. pic.twitter.com/YWFqts5wwd
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 3, 2022
Драстичен пад се случи и на цената на нафтата која сега изнесува меѓу 70-80 долари за барел а не 300 како што најавуваше анти-западната “баба рога” кампања.
Оваа ситуација е прв позитивен параметар кон тоа дека балонот за влијанието на војната во Украина врз светските економии веќе пукна и според познавачите ова е пат кон еден позитивен почеток на 2023-тата година и целосна стабилизација, со што овој пат зависноста од руските енергенси на европскиот континент полека станува минато.