23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Убава вест: Покрај 9 месеци породилно за мајката, отсуство од 4 месеци и за таткото – Што носи новиот закон?

По лажните вести на социјалните мрежи дека се намалува породилното отсуство на мајката со новиот предлог закон, се расчистија дилемите.

Во новиот предлог за породилно отсуство има предлог за посебна заштита на работниците за време на бременост. Породилното отсуство ќе се дели на мајчинско, татковско и родителско отсуство.

Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена.

Мајчинското отсуство е предвидено да трае 5 месеци. Родителското отсуство е предвидено да трае по четири месеци за секој родител поединечно.

Тоа значи дека мајката има 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство, односно останува на породилно отсуство со детето исто како и досега – 9 месеци.

За прв пат се воведува и родителското отсуство од 4 месеци за таткото, што значи 13 месеци вкупно отстуство на родителите за да им се посветат на новороденчето.