11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Паѓаат цените на пелетите, но никој веќе не ги купува – сите се префрлија на инвертери

Пелетите не се атрактивни за македонските граѓани откако нивната цена за вреќа од 15 килограми стигна и до речиси шестотини денари. Високите цени минатата година ги натераа граѓаните да се снаоѓаат како знаат и умеат, па така најголем дел од нив се префрлиле на користење на инвертер клими и дрвја.

Според моменталните цени тие се околу 360-380 денари за вреќа, но ретко кој купува, велат продавачите.

– Оние што одлучија оваа година да се греат тоа го направија со купување на поголеми количини, но тоа е многу мал број на луѓе кои лани ги користеле со оглед дека и тогаш немаше пелети, а и цените беа високи, велат познавачите.

Најголем број на граѓани се префрлиле на употреба на инвертер клими кои исто така поскапеа за 10-20 проценти оваа сезона во однос на ланската, но оваа инвестиција е еднократна, а бидејќи цената на струјата во Македонија е субвенцицонирана е далеку по-економична опција за загревање на домот од пелетите кои станаа вистински луксуз.

На огласниците и натаму масовно се продаваат уредите за пелети по дампинг цени.

Спонзорирано: