26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Ако го видите овој човек – веднаш јавете се во полиција

МВР објави потрага по осуденикот Мемети Беким, кој вчера избега од затвор, а рани и полицаец.

Доколку го видите овој човек веднаш пријавете во полиција.

“Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ”, стои во описот на МВР.

Мемети кој бил осуден на затворска казна од 20 години заради убиство синоќа избегал додека бил превезуван кон болница. Тој успеал да му го земе пиштолот на полицаецот кој возел и да пука со него при што го ранил.

Управата за казнување и санкции денеска најави вонреден надзор во затворот во Идризово за да се утврдат околностите, а МВР соопшти дека ноќеска четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје. Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило „ауди“.

Се уште не е познато во каква состојба е ранетиот полицаец.