18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката се однесува на :

корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица,
корисниците на посебен додаток,
корисниците на правото на надоместок заради попреченост,
корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и
самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

ДЕСК

Фрчат казни – Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената

ДЕСК

Апсења и притвори низ Скопје

ДЕСК