13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Светска Банка констатира најмал раст на БДП за Македонија во регионот

Повторно нов меѓународен извештај, и повторно Македонија закована на дното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според последниот извештај за глобални перспективи на Светска банка, БДП за 2022 година Македонија е рангирана на последно место во регионот со 2.1% БДП. Светска банка пред Македонија ги рангира сите земји од регионот, по БДП за 2022 година. Пред нас во извештајот на Светска банка, поголем бруто домашен производ имаат и Босна и Херцеговина, како и Косово. Највисоко на овој извештај е Хрватска со 6.6% БДП, па Црна Гора со 5.9%, потоа Босна со 4%, Албанија со 3.5%, Косово со 3.1% и Србија со 2.5%“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Оценуваат дека немањето вистински мерки, но и задоцнети мерки за економијата во оваа година на кризи, слабата реализација на капитални инвестиции се целосен неуспех на оваа неспособна власт и доведуваат до најмал процент од БДП.

Според нив, криминалот и корупцијата во државата се вистинската причина за намалување на странските директни инвестиции.

„Оваа криминална власт изминатата година повеќе мислеше на луксузирање и трошење на парите на граѓаните за непродуктивни трошоци, нови и луксузни автомобили за министрите, наместо капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието, културата и земјоделието.
Токму поради неспособноста и немањето визија, невладеењето на правото, како и зголемениот криминал и корупција, секој ден се повеќе млади се иселуваат од државата и спасот го гледаат во западноевропските земји“, се посочува во реакцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ова девастирање на државата, и уназадување на секое поле мора да запре. Излез од ваквите состојби, според нив, се брзи предвремени парламентарни избори

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.