25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

20 клучни успеси на СДСМ во предизвикувачката 2022 година

Соопштение на СДСМ:

СДСМ е силна, државотворна, државничка партија, посветена на реализација на стратешките цели на државата и на граѓаните, која истовремено успешно се справува со предизвиците наметнати од светската економска и енергетска криза и го заштитува стандардот на граѓаните.
И во предизвикувачка година како што беше 2022 година СДСМ оствари низа успеси, од кои се издвојуваат 20 клучни постигнувања.
1) После 17 години чекање започнавме преговорите за членство во Европската унија. На 19 јули се одржа првата меѓувладина седница, со што официјално ги започнавме преговорите со Унијата.
2) Преговорите ги започнавме, со заштитен и потврден македонски идентитет и посебност, како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Го потпишавме договорот ФРОНТЕКС, на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и без додавки, без нејасни формулации. Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици на Европската унија.
3) Во годината што изминува исправивме уште една голема историска неправда. Прифатена е автокефалноста на Македонската православна црква – охридска архиепископија. МПЦ-ОА се врати во канонско единство со другите православни цркви, со што се затвори уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност.
Во фокусот на СДСМ се граѓаните. Континуирано се спроведуваат мерки што значат повеќе пари во семејните буџети, подобар животен стандард на сите граѓани.
5) Низ инклузивен пристап со дијалог со сите засегнати страни ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога едвај достигнуваше 9.000 денари. Со новата методологија, минималната плата од март ќе биде 20.000 денари.
6) Пензиите на околу 330.000 пензионери во државата за само неколку месеци се покачија за 10 отсто. Во текот на 12 месеци, односно од март оваа година до март идната години, пензионерите ќе добијат 16 проценти покачување на пензиите. Покрај покачувањето на пензиите, усвоена е методологија за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот, со што пензиите постојано ќе растат, независно од волјата на која било политичка структруа, а пензионерите никогаш повеќе нема да бидат уценувани.
7) Просечната плата во државата во изминатите 5 години континуирано расте и го надмина ветувањето дадено од СДСМ за просечна плата над 500 евра. Просечната плата уште сега е 33.104 денари, 1,5 година пред завршувањето на мандатот, многу порано од ветеното.
8) И во оваа кризна година, растат платите во сите сектори. Вкупно 37.000 лица од образованието добија раст на платите за 15 проценти, 12.000 вработени во МВР, раст на платите од 5 проценти, 3.500 вработени во културата раст на платите од 30 проценти, 2.600 вработени во судството раст на платите 15 проценти, 20.000 вработени во здравството, раст на платите од 5 проценти и претходно 25 отсто во време на ковид кризата, 4.000 вработени од високо образование имаат плати поголеми за 7 проценти, а претходно им беа покачени за 8 отсто.
9) Паралелно со растот на платите, минималната и просечната, постојано се намалува стапката на невработеност. Сега таа е на ново историски ниско ниво од 14.3% проценти.
Во тешко и неизвесно време на глобална економска и енергетска криза, најголема по втората светска војна и војна на европскиот континент, безбедноста на државата е гарантирана со членството во НАТО. Владата предводена од СДСМ не остави никој сам да се справува со предизвиците.
10) Оваа година се реализирани два пакети антикризни мерки во вкупна вредност од 760 милиони евра, насочени кон широка поддршка на граѓаните и компаниите.
11) Околу 80 отсто од сметките за електрична енергија за домаќинствата и за 72.000 мали компании се субвенционирани од државата. Секое семејство во држвата оваа година доби по 21.000 денари субвенција за електрична енергија.
12) Поевтина електрична енергија е обезбедена за образовните и здравствените институции, за јавните претпријатија од областа на водостопанството, како и за компаниите што произведуваат прехранбени производи, што ги намалува цените на прехранбените производи.
13) Обезбедена е финансиска помош од 200.000 граѓани од ранливите категории, меѓу кои за пензионерите со најниски пензии, корисниците на правото на социјална сигурност, корисниците на посебен додаток и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош.
14) Во мандатот на оваа влада од 10 месеци во државата се инсталирани 141 мегават обновливи извори на енергија, веќе ставени во употреба. Ја остваруваме енергетската трансформација на државата.
15) Кога Град Скопје ги остави Скопјани на цедило, Владата предводена од СДСМ, го реши проблемот со парно греење за Скопје, не дозволи радијаторите да останат студени.
16) Инвестициите во домашната економија од реномираните странски компании се зголемија, и за само 10 месеци се отворија нови, подобро платени, над 2000 работни места, во ТИРЗ.
17) Инвестициите во инфраструктурата годинава интензивно продолжија. Конечно вистински започнаа работите на патното и железничкото поврзување со Бугарија, се заокружува прцесот на гасификација на државата.
Реконструкцијата на магистралните патишта се интензивира, како што не застана и поддршката за изградба на локалните патишта. Пуштена е во употреба делницата Крупиште – Кочани, дел од експресниот пат Штип-Кочани.
18) За земјоделството се наменети 9 милијарди денари, што е досега рекорден буџет во земјоделството, со кој се започнува со импелементација на најголемата земјоделска реформа во државата. Се обезбедува предвремена исплата на 30 отсто од субвенциите во тековната година, дополнителна субвенција за значајни култури, голема, побрза поддршка за сточарите, продолжува поддршката за секој земјоделец, преку интервентната програма.
19) Оваа година е година е постигната досега рекордна цена за откупен тутун. Просечната откупна цена за килограм тутун од годинешнава реколта изнесува 285 денари и е за 40 отсто повисока во однос на минатогодишната.
20) Само оваа година изградивме 10 нови градинки, од 2017 го деенска изградени се вкупно 72 градинки со капацитет од 5.000 дечиња.

Продолжуваме заедно и во 2023 година.