23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бочварски: За една година пуштивме два експресни патишта вредни 110 милиони евра

„Пред само неколку денови беше пуштен во употреба експресниот пат Штип- Кочани, пред тоа беше пуштен во употреба патот Штип-Радовиш. За една година два експресни патишта вредни 110 милиони евра“ изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за „Фронтлајн“.

Како што кажа министерот, со изградените патишта се смени сликата на целиот источен регион. Тој потсетува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани вкупно 650 километри патишта за десет години, додека оваа Влада за пет изградила и рехабилитирала 1300 километри.

„Наредната година ќе се гради со уште позасилено темпо, ќе се градат автопати со должина од 110 километри од Коридорот 8 и Коридорот 10. Во нив спаѓа делницата Прилеп-Битола од коридорот десет и од коридорот осум Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан“ истакна Бочварски.

Министерот исто така потенцираше дека расчистени се сите постапки што беа произлезени од лошото проектирање на автопатот Кичево-Охрид, се допроектираа клучките и косините, се реши експропријацијата речиси 95 отсто, се направи пренамена на земјиштето, а градежната оператива е на терен и се заврши асфалтирањето на најдолгиот тунел во државата од два километри.