25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести, со судска пресуда е потврдено дека лажеле за имотот на Каевски

Со судска пресуда е потврдено дека ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести, велат од СДСМ.

„Основниот граѓански суд во Скопје утврдил граѓанска одговорност од портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во судска постапка е утврдено дека Митева ширела невистини за имотот на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски и со тоа го повредила неговиот углед и неговата чест. Ниту Каевски имал милиони како што лажно тврделе ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак имало нешто спорно во пријавеното“, се посочува во соопштението.

Оваа судска пресуда, според СДСМ, е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем извор на лажни вести. Од Христијан Мицкоски преку пратениците па се до портпаролите, сите во ВМРО-ДПМНЕ знаат да лажат и да шират невистини.

2002 година, како што посочуваат од партијата на власт, е година на најголемите лаги на ВМРО-ДПМНЕ што партијата ги пласираше во јавноста, немајќи што друго да понуди пред граѓаните.