Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на Сител телевизија кажа дека земјата ја интересира како клучна одредница волјата на граѓаните, а тоа е членството во ЕУ.
-Ако граѓаните сакаат во ЕУ ние сме должни да направиме се зачувувајќи ги идентитетот и националните интереси за да ја оствариме таа цел. Ние со НАТО покажавме дека нема недостижна цел и доколку навистина се потрудиме нема недостижна цел. Не е вистинското прашање дали ние сакаме да ги видиме Бугарите во Уставот, тоа е според мене не е нешто што на какво било начин ќе го загрози нашиот идентитет, кажа Маричиќ.
Според него, ако се разговара рационално придобивките од ЕУ се многу големи.
-Ние веќе тоа го правиме и за придобивките на процесот во ЕУ и за тоа како да ја донесеме ЕУ тука дома во СМ, а не да ги принудуваме нашите граѓани да се иселуваат за да живееат во ЕУ, тогаш мислам дека ќе дојдеме на рационален терен дека придобивките се многу поголеми отколку внесување на уште три заедници во Уставот, истакна Маричиќ.