Во претпразничниот период општинските организации на СДСМ продолжуваат со хуманитарни акции за помош на ранливи сограѓани и лица кои имаат потреба од помош.
Хуманоста и солидарноста се социјалдемократски вредности и во тој дух, со меѓусебно помагање покрај политиките за системски решенија, СДСМ преку своите општински организации реализира и низа хуманитарни настани ширум државата.
Општинската организација на СДСМ во Радовиш организираше хуманитарна акција, од која собраните парични средства ќе бидат донирани на семејство во социјален ризик во оваа општина.
И Општинските организации во Велес, Чашка, Петровец и Гевгелија организираа хуманитарни акции а собраните средства и новогодишни детски пакетчиња ќе бидат врачени на социјално ранливи семејства.
Форумот на жени од Велес пак подели новогогодишни пакетчиња за дечињата кои се лекуваат на детското одделение во болницата од овој град.
Ваквите активности продолжуваат и во деновите пред нас со цел да се помогне на што повеќе граѓани.