27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тренчевска: Отворени две сензорни соби според потребите на корисниците во Кривогаштани и Крушево

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска отвори две сензорни соби.

Едната сензорна соба беше отворена во с. Обршани, Кривогаштани која беше изработена точно по мерка на корисниците во консултации со стручните лица кои досега работеле со децата. Додека другата сензорна соба беше отворена во градинката „Гонџа Туфа“ во Крушево. Сензорните соби се отворени со поддршката на Кинеската Амбасада, соопшти ресорното министерство.

Министерката ја истакна важноста на инклузивните градинки и овозможувањето на еднакви можности за сите деца.

Во таа насока таа им подари на градинките со цел збогатување на нивните библиотеки, инклузивни сликовници со брајово писмо.

Таа истакна дека во иднина, Министерството ќе продолжи да вложува во изградбата на вакви градинки.