Колумна на Даниел Станојовски:
Полека, но и, стихијно, изминува оваа 2022 год., година, која, впрочем и, го „разниша“ и возобнови тој традиционален дух – еуфоричен кога за време на општествената и здравствена криза предизвикана од пандемијата на Covid – 19, беше сосема исчезнат и занемерен до тој степен да, секој од нас, биде приморан да се стави во положба да не ја осеќа таа предновогодишна атмосфера, затоа што целокупната глобална слика не го озвоможуваше тоа.
Ќе се обидам преку оваа моја текстуална содржина, вообичаено преточена во блогер, па и, во колумна, да дадам еден краток осврт, односно концизно согледување на нештата – еден синопсис по однос на сумирање, а во поглед на актуелните општествено – политички „збиднувања“.
Гледајќи објективно низ призмата на реалноста, може со сигурност да се констатира и да се заклучи дека, позицијата „статус кво“ за нас како држава и како народ е одамна „добредојдена“, а, апропо, своевремено докажано и, покажано од страна на севкупниот општествено – политички чинител, односно естаблишментот кој нужно треба да се залага да се подобрат состојбите и да се унапредат и придвижат политиките кои, неминивно, носат прогрес, просперитет, економски стандард, јакнење на меѓусебното разбирање, дијалог и современ – модерен концепт кој ќе ја разбуди свеста за цивилизирани размисли, дијаметрално спротивно од јаловото, трулото, тривијално и анахроно сфаќање.
(По)некогаш (читај секогаш), тоа кај нас – во еден девастиран и ретрограден систем на практицирани норми, манифестиран и пропагиран од „номенклатурата“ која е „регрутирана“ од најмоќни политички субјекти во нашиот плуралистички систем, по инерција резултира како да се тоа е невоможно, односно, стагнирајќи со нивната индиферентност, за жал, донесуваат и лиферуваат негативни и поразителни резултати кои, впрочем, илустративно ја прикажуваат денешната слика – дескриптирана во (пред)новогодишен диспаритет – нерамнотежа.
Се губи еланот, нема енергија и ентузијазам во овој т.н. „официјален“ период за предновогодишно чествување, каде што, приоритетно треба да е „зачната“ темата за општествена благосостојба, заеднички, колективен и граѓански добробит и напредок во сите сегменти од нашето општествено опкружување. Ние, од се тоа, добиваме: квази разговори, трачарски и непроверени ирелевантни извори на озлогласеност за личности кои очигледно вредат и го канализираат, трудејќи се, иако, апсурдно, својот интелектуален капацитет кон напредок и промена на менталниот склоп кон негување на возвишеноста, каде што моралните атрибути ќе бидат на пиедесталот, а материјалната (при)добивка ќе биде само пасивен јавен дискурс.
И, покрај сите напори вложени од страна на маргинализираните индивидуи – поединци, инкриминирани и девалвирани поради тоа што ја обелодениле вистината и го трасирале патот кон вистината, чесноста, достоинството и етичкиот „бекгранд“, перманентно се наоаѓаат во тотален аут.
Неминовно е да култивираме, да исчезне лицемерието, филистерството, хипокризијата, латентната и перфидна злоба, декорирана преку љубомората и зависта, особено во овој период каде сеприсутен е овој генерален проблем. Наметнато „слепо“, а ѝ прифатено и аминувано апсолутно, интерпретирајќи ја онаа народна мисла: „не му прави на човек, тоа што тебе не сакаат да ти прават“.
Колку и декларативно укажано на истото, таа нерамнотежа многу визуелно и површно се осеќа, гледа и кружи (по)меѓу човечките корелации. Човечкото битие суштествува како општествена индивидуа, а неговите примарни цели се племенитоста, довербата, искреноста, љубовта, почитта, достоинството, доблеста.
Ќе го надминеме ли овој диспаритет, со што повторно и покрај „совладување“ на кризата од двегодишната пандемија, ние како да сме заборавиле дека има повредни нешта во животот. Единството, другарството, пријателството нека преовладува, но само преку вистински засновани релации и односи кои високо се етаблирани и го носат „епитетот“ на денешното сурово и јалово обременето – „време – невреме“.
И, на крај, ќе речам: „спротивно од диспаритет е паритет“. Паритет на здраворазумот, на моралот, на етичкиот кодес на однесување во деловниот и приватниот живот. Диспаритетот е линијата која носи пропаст, бедно материјално глорифицирање на туѓа сметка, приоритет на елитата (богатата и политичка) да ги делат луѓето по основа на фамилијарен, политички и финансиски статус во овие празнични мигови – секако, по дифолт.
Една прониклива синтакса, крилатица, вели: „најголемиот етички и морален пораз – е, ироничното исмејување на туѓата скромност“. Скромноста е обвиткана со искреност, таа е доблест којашто не може секој да ја поседува. И, таа, еклатантно ќе го диференцира „диспаритет“!
Мислам дека сум јасен и дециден, за каков „диспаритет“ пишувам!
Пишува, блог на Даниел Станојоски
25.12.2022
Демир Хисар