7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАSHOWBIZ

Почина Макси Џез

Почина пејачот Макси Џез. Пејачот на британската поп група Faithless не’ напушти на 65 години.

Поранешната негова колешка од бендот, Sister Bliss, изјави дека починал „мирно во сон“ во својот дом во јужен Лондон во петокот вечерта.

„Испраќам љубов до сите вас кои го споделивте нашето музичко патување. Грижете се еден за друг“, напиша таа на Твитер.

Faithless беа познати по сингловите, вклучувајќи ги God Is A DJ, We Come 1 и Insomnia, хит на топ три во 1996 година.

Во изјавата објавена на неговиот Инстаграм пишуваше: „Тој беше човек кој ни ги промени животите на толку многу начини. Тој и даде вистинско значење и порака на нашата музика. длабоко и достапно. Беше чест и секако вистинско задоволство да се работи со него. Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј“.

Можеби ќе ве интересира

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК

Ќерката на Чарли Шин тврди дека сакале да ја киднапираат: „Тој нè набљудувал постојано“

C +

Ѕвездата од „The Walking Dead“ почина: Имаше само 33 години

ДЕСК