11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Арбен Таравари и официјално лидер на Алијансата за Албанците

Досегашниот в.д. претседател Арбен Таравари доби четиригодишен мандат да ја предводи Алајанса за Албанците.

Тој беше единствен кандидат на денешниот трет вонреден конгрес на партијата во Тетово.

Во обраќањето по изборот, Таравари најави дека партијата ќе биде во кампања постојано без разлика дали избри ќе се одржат во 2023 или во 2024 година.

„Веќе од утре почнуваме со континуирана кампања додека се одржат следните избори. Кампања врата на врата, да ги отвориме вратите на партијата да доближиме што повеќе луѓе, посебно интелектуалци кои ни се потребни за успешно функционирање на партијата. Професионализација на партијата. Ние почнуваме кампања без разлика дали ќе се одржат избори во 2023 или 2024 година. Ние ќе бидеме во продолжена или континуирана кампања врата на врата до следните избори“, рече Таравари.

Пред шест месеци Зијадин Селеа поднесе оставка од претседателската функција поради слабите резултати на локалните избори во Тетово. Таравари беше именуван за вршител на должноста претседател.

Спонзорирано: