Денеска, 22 декември 2022 година (четврток),најавени се теренските активности на премиерот Димитар Ковачевски во Општина Куманово.
Агендата започнува во 12:15 часот со посета на млекарницата „Бучен Козјак“, каде по обиколката се предвидени изјави за медиумите на премиерот Ковачевски и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Локација
Посетата на премиерот Ковачевски продолжува со увид на мостот во населба Проевце на реката Кумановка заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.