26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бочваарски: Влегуваме во процес на либерализација на железничкиот транспорт

„Ги подготвуваме законите и законските измени и можам да потенцирам дека влегуваме во постапка на либерализација на железничкиот транспорт, со што ќе може и железници од други држави да вршат транспорт по нашите железнички пруги“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека со влегувањето на други железнички компании на македонскиот пазар ќе се отворат многу повеќе можности за нашите граѓани и компании.

Министерот Бочварски кажа дека Владата со 200 милиони денари ќе го ги помогне Македонски Железници за покривање на трошоците за електрична енергија, не само да се заштити претпријатието, туку и за да се заштити економијата.

„Голем дел од енергенсите влегуваат во земјава преку Македонски Желзници. Товарниот транпосрт е преку 90 отсто од работата на компанијата и токму затоа мора да го стабилизираме претпријатието, да ја пребродиме кризата и во мирно време да се одлучува за иднината“ рече Бочварски.

Тој додаде дека приходите кои Македонски желзници ги добиваат се слични како и претходните години, но дека расходите се зголемени неколкукратно поради енергетската криза и токму затоа државата излегува во пресрет за да помогне.