Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Сите компании може да аплицираат за субвенции за отворање нови авио-линии од Скопје и Охрид

„Авио сообраќајот има можност за развивање и од двата аеродрома во државата и токму поради тоа обојавивме јавен повик, кој ќе трае три години и на кој ќе може меѓународни авиокомпании да аплицираат и да добијат помош од државата за отворање на нова линија од нашите аеродроми“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој објаси дека договорот со Виз ер беше суспендиран во 2020 година и дека сите 13 компании кои оперираат од нашите аеродроми во моментов работат без субвенции.

„Ние не ги делиме компаниите на нискобуџетни или поинаку, нашата субвенција е седум евра од Скопје и четири и пол евра од аеродромот во Охрид. Сметам дека сите големи авиокомпании може да аплицираат и да понудат дестинација, која во моментов не е воспоставена“ рече Бочварски.

Министерот кажа дека во 2019 година беше достигнат, досегашниот, максимум за превезени патници од двата аеродрома – 2,7 милиони патници по што поради ковид-кризата бројката се намали.

„Оваа година стигнавме до 2,3 милиони патници, со што се покажува дека авио сообраќајот се враќа по ударот од ковид-пандемијата“ рече Бочварски кој кажа дека во моментов од Скопскиот аеродром се лета до 38 дестинации, а од Охридскиот до 7.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +