23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Добра вест: Следува исплата на пензиите за декември

Владата одлучи пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.12.2022 година.

На банките им е препорачано дека преку филијалите и експозитурите на банките, треба да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток) и За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).