Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Колева: Сите партии треба да работат на враќање на довербата кај граѓаните

„Од вчерашната анкета се гледа дека само околу 39 отсто од граѓаните би излегле на избори. Ова е бројка на која треба да рааботат сите политички опции. Ние како политички партии, сите, треба да работиме на тоа да ја вратиме довербата кај граѓаните“ изјави пратеничката од СДСМ, Даниела Колева во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека во анкетата на ИРИ се забележуваат министерства и институции со висока доверба, што е знак дека во дел од министерствата добро се работи.

Коментирајќи ги локалните самоуправи, пратеничката Колева кажа дека во последната година за 700 милиони денари се зголемени долговите на општините, со што вкупниот долг е околу 4,2 милијарди денари.

Пратеничката Колева кажа дека централанта власт со конкретни проекти им помага на сите општини, наспроти обвинувањата на опозицијата.

„Целта на централната власт е да помогне на сите општини. Гледаме по проектите, 70 милиони евра за локални патишта, 50 милиони евра за водна инфраструктура. Сите општини се важни се централната власт“ изјави Колева.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.