Во однос на информациите за цената на патарините, како што и на денешната прес-конференција најави министерот Бочварски, сакаме да потенцираме дека Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, нема да ја зголеми цената за наплата на патната такса, велат од министерството за транспорт.
– Република Северна Македонија останува земја во регионот која нема да ги зголеми цените на патарините, а средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите на Владата ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти и тоа:
– во изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри; во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри; во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри; во преку 450 километри локални патишта
Првичните анализи покажаа дека цените на градежните материјали во инфраструктурата само оваа година во споредба со 2021 година се зголемени меѓу 30 и 55 проценти и се во постојана осцилација, што директно влијаат врз буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и реализацијата на капиталните проекти.
Но, и во такви услови со зголемени цени на градежните материјали, Владата преку Министерството за транспорт врски ЈПДП останува на ставот дека цената на патарините нема да се зголеми, велат од МТ.