22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЉУБОВ И СЕКСИЗБОР

Се посомневал дека сопругата го изневерува, па дрон му ја потврди суровата вистина (ВИДЕО)

Џон Консиљо пред неколку години решил да си ги провери сомнежите дали сопругата го изневерува, а за тоа користел дрон.

Џон ги потврдил своите сомнежи кога забележал дека неговата сопруга пред да влезе во автомобилот се наведнува низ прозорецот од автомобилот и романтично се поздравува со непознат маж.

Се посомневал дека сопругата го изневерува бидејќи заминува на работа порано од вообичаено. Снимал со дрон и ја фатил во прељуба.

На видеото се гледа како автомобил пристигнува на паркингот, застанува, а потоа неговата сопруга влегува во него.

„Штотуку поминаа 18 години“, извикува Џон во видеото.

„Треба да изгледате добро за маж со кој ќе ја изневерите сопругата“, вели Џон во видеото, коментирајќи дека неговата сопруга ја поправала косата за да изгледа подобро.

“Знам дека не можам да го обвинам само човекот, но во тој момент бев подготвен да го убијам. Чекав неколку дена да се смирам и потоа станав очаен. Најмногу се грижам за моите деца”, рекол тој.

По ова видео кое е создадено во 2016 година, многумина очекуваа дека парот ќе се разведе, но тоа не се случи.

Консиљо на крајот на 2017 година објави продолжение на приказната, а во видеото кое го сними со сопругата ги објаснува своите постапки.

“Склучив мир со сопругата, знам дека многу луѓе мислат дека донесов погрешна одлука, но мислев со месеци. Тоа беше долг процес, сега сум среќен, и ништо не е поважно од тоа”, рекол Консиљо.

Иако видеото е создадено пред неколку години, последниве денови стана вирално на социјалните мрежи.