23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е министер со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, односно граѓаните сметаат дека тие најдобро ја врши својата работа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска се министрите со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, односно граѓаните сметаат дека тие најдобро ја вршат својата работа.

Тоа е еден од резултатите од последната анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ.

На прашањето „Кој министер во Владата најдобро ја врши својата работа“ испитаниците најголема доверба искажале кон премиерот Димитар Ковачевски.

Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период септември – октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.