6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возачот што прегази малолетничка во Велес

Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Во Тетово лишен од слобода возач од Швајцарија, управувал возило скоро двојно побрзо од дозволеното

ДЕСК

Предложен притвор за дилер на дрога во Битола

ДЕСК

РЕсет со Реплек покрај Охридско Eзеро: Вежбајте со Елена Бубало во придружба на Емилија Колоска

ДЕСК