Centar.mk
БИЗНИС

Може да купите само литар млеко, килограм компири, шеќер, брашно… – Ограничувања за купувачите во Унгарија

Во Алди во Унгарија осамна известување до клиентите за нови ограничувања за купување производи чии цени се ограничени од државата.

Но, залудно е да се информира за ограниченото купување на производ кој и онака го нема – како што се јајцата, пишува dailynewshungary.com.

Меѓу другото, по заострувањето на прописите, по лице може да се купи само килограм компир или литар млеко.

Една недела пред Божиќ, Алди беше принуден да ја ограничи количината на производи чии цени се заштитени, па синџирот супермаркети воведе строги ограничувања, пишува Портфолио.

Како што пренесува szmo.hu, Алди тврди дека тоа ќе овозможи постојано снабдување со овие стоки.

Количини што може да се купат:

Компири – 1 кг

  • Масло – 1 l
  • Шеќер – 1 кг
  • Јајца – 1 тетрапак
  • Млеко 1л
  • Пилешко бело месо – 1 пакет
  • Свинско месо – 1 пакување
  • Брашно – 1 кг

Ограничувањето важи за сите продавници на Алди во Унгарија, пренесува порталот.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +