Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе одлука за нови цени на горивата.
На лондонската берза нафтата се продава за 79 долари, а на американската за 74 долари.
Во моментов ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 80,50 денари.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 76,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,50, а килограм Мазут М-1 НС за 39,37 денари.