25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна – објавена дел од заканата за бомба на повеќе локации во Скопје

На повеќе локации низ Скопје во тек е евакуација поради дојави за бомби.

Денеска закани за бомби беа пријавени на скопскиот аеродром, но и Хотелот Александар Палас каде треба да почне конференцијата на која треба да присуствува премиерот.

На социјалните мрежи се прошири дел од пораката која сајбер терористите наводно ја пратиле денеска:

„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа, пишува во писмото кое утринава е испратено на мејлот на скопскиот аеродром, текст кој веќе и се споделува на социјалните мрежи.

Во дописот меѓу другото се вели дека бомбите се активираат и ќе експлодираат на „сеизмичен покрет“.

„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна“, се вели во заканувачката порака.