16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Маск веќе не е најбогат човек на светот

Од оваа недела Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот. Тој статус сега му припаѓа на Французинот Бернар Арно (73), претседател и извршен директор на компанијата LVMH, според „Форбс“ и „Блумберг њуз“.

Ова е првпат сопственикот на Tesla и SpaceX да падне од врвот на рангирањето откако го престигна основачот на Amazon, Џеф Безос, како најбогат човек во септември 2021 година.

Богатството на 51-годишниот Маск во голема мера е поврзано со цената на акцијата на Tesla, која изгуби повеќе од половина од својата вредност од јануари, а падот се зголеми само по купувањето на Twitter од 44 милијарди долари од Маск.

Нето-вредноста на Арно сега изнесува 190,1 милијарди долари, а нето-вредноста на Маск е 181,3 милијарда долари, според „Форбс“.

И покрај загубите, Маск е многу пред третопласираниот индиски милијардер Гаутам Адани, кој има вредност од 135 милијарди долари, и основачот на Amazon, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 113,1 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Светската банка останува силен партнер во спроведувањето на реформите и забрзувањето на економскиот раст

ДЕСК

КУПУВАЈТЕ ДОДЕКА Е БАГАТЕЛА: Шнолите, играчките и гаџетите од “Тему” и “Али експрес” ќе се даночат со 18 отсто најверојатно по изборите

ДЕСК

Управниот одбор на Стопанската Комора на работна средба со агенција за иновациии, научно-технолошки развој и претприемништво- Инова

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.