24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Поважно отколку што мислиме: Еве до што води долготрајниот недостаток на магнезиум

Магнезиумот е важен минерал кој помага во борбата против секојдневниот стрес, исклучително е важен за мускулите и нервниот систем, а влијае и на концентрацијата и сонот.

Овој минерал помага да се надмине несоницата и да се подобри сонот. Исто така, им помага на мускулите да се релаксираат побрзо.

Сонот на многу луѓе е нарушен од болки и грчеви во нозете. Најчеста причина е недостатокот на магнезиум, кој исто така е неопходен за релаксација, контракција на мускулите и нормално движење.

Тоа влијае на расположението
Магнезиумот, особено во стресни ситуации, поволно делува на организмот и воопшто на нервниот систем.

Минималниот дневен внес на овој минерал е околу 300 mg (телото апсорбира само нешто помалку од 200 mg). Високото ниво на магнезиум исто така не се препорачува бидејќи може да биде штетно за здравјето.

Природни извори се зелен лиснат зеленчук, мешунки, кафеав ориз, цели зрна, соја и семки од сончоглед, јаткасти плодови, млечни производи, месо, риба, чоколадо со минимум 70 проценти какао и необработена морска сол.

Треба да знаете дека дури 50 до 70 отсто од овој минерал се губи со термичка обработка, а до 40 отсто со замрзнување на храната.

Некои намирници го „убиваат“.
Недостатокот на магнезиум дополнително го предизвикува прекумерното консумирање алкохол, кафе и прекумерното внесување на рафиниран шеќер.

Долготрајниот недостаток на магнезиум се манифестира со грчеви во мускулите, чувство на вкочанетост и пецкање. Препорачаната дневна доза на магнезиум за здрава возрасна жена е 350 mg дневно, а за возрасен маж, трудници и доилки потребни се 450 mg.

Докажано е дека магнезиумот директно влијае на расположението и доколку не е доволен предизвикува анксиозност и депресија. Директно влијае на рамнотежата на ослободување и примање на хормонот на среќата, серотонин и само кога ќе имаме доволно, се чувствуваме избалансирани.