Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Полнете резервоари: Дизелот е најевтин во последните 9 месеци, а бензинот не бил со толку ниска цена од јануари годинава – Драстично намалување на цените

Значително се намалија цените на бензинот и дизелот од полноќ.

Од денеса малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се намалува за 5,00 ден/лит, со што сега се точи за 79,50 денари за литар, цена која што не е видена од први март 2022 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит, со што сега се продаваат за 77,50 и 79,50, цени кои што не се видени од јануари 2022.

Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 164,2 милиони евра, извоз од 108,4 милион евра и со инвестиции од 10 милиони евра во периодот јануари – јуни 2025 г.

ДЕСК

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика

ДЕСК

Последен повик од УЈП до над 11.000 компании: Направете го ОВА што е можно побрзо

ДЕСК