19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ: Делото на Свети Климент е темел и водилка за македонскиот народ

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ упати честитка до сите православни верници по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски.

,,Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот христијански празник – Св. Климент Охридски.

Денеска, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, човекот кој на чие дело и посветеност се раѓа словенската литература, на првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.

Благодарение на трудот на Св. Климент Охридски кој целиот свој живот го посветил на создавање на македонската и сесловенската литература и писменост, денес, сите сме горди на нашето писмо – кирилицата, составен дел на нашиот македонски идентитет.

Ликот и делото на Св. Климент Охридски плени со својата духовност и значење и денес, а неговите вредности, неговото дело се темел, водилка за македонскиот народ и Македонската православна црква, конечно признаена од православниот свет.“ стои во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК