25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Виена: ЕУ сериозно да го сфати загрозувањето на европскиот пат од Левица и ВМРО ДПМНЕ

„Европската Унија не смее да дозволи нови блокади. Очекувам да го следат напредокот на мојата земја и придонесот што го дава и да не дозволува уцени од никого. Да зборуваме за критериумите и нивното исполнување. Затоа што кредибилитетот на ЕУ на Балканот се гледа преку примерот на Северна Македонија. Ако се изгуби тој кредибилитет, ЕУ ризикува да го изгуби целиот регион“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на Лидерскиот самит на Западен Балкан на Европските социјалисти и демократи во Виена.

Тој додаде дека ЕУ исто така мора сериозни да ги разгледа и сфати опструкциите на опозицијата во Северна Македонија и обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена да го загрозат европскиот пат на земјата.

„Блокадите на Собранието и на демократските процеси за напредок кон ЕУ се блокада на европските вредности. Европската народна партија во овие сценарија не можат да бидат обични неми набљудувачи. Затоа што загрозувањето на европскиот начин ги загрозува европските вредности“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека треба да се направат заеднички напори за да не се дозволи трети страни да имаат корист, да ги загрозат европските вредности и да ја загрозат европската кредибилност.

„ЕУ мора да биде јасна и гласна до сите страни кои се обидуваат да го нарушат или блокираат европскиот пат на земјава“ рече Ковачевски.