Христијан Мицкоски да прекине со изживувањето врз скопјани и да ги запре блокадите, велат од СДСМ во соопштението:
Блокадите и хаосот во Скопје се во политичка режија на Христијан Мицкоски.
Трет ден сообраќајот во Градот е целосно парализиран, граѓаните не можат навреме да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.
Поради неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска штета трпат граѓаните.
Мицкоски да издаде партиска директива до неговите Данела Арсовска, Трајко Славески, директорите и раководителите на Јавните претпријатија на град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски, веднаш да ги тргант блокадите.
Недозволиво е скопјани да трпат штета заради нивните бизнис и партиски интереси.
Веднаш да прекине блокадата на главниот град.