Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балјан и ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, е дел од македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана.

Маричиќ од Тирана вели дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива.

Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ, а сигурно ќе има позитивен ефект и врз мобилноста на граѓаните, во двата правци.

„Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат.
Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока, а граѓаните почнуваат да ги чувствуваат резултатите.
Потпишувањето на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан оператори, пред почетокот на Самитот на ЕУ-Западен Балкан, доаѓа после една и пол година од успешната имплементација на Регионалниот договор, со кој се елиминираа трошоците за роаминг во рамките на Западен Балкан“, пишува на Фејсбук-профилот на Марилиќ, најавувајќи дека покрај бројните заеднички теми кои ги имаат државите од Западен Балкан со ЕУ, сепак во фокусот ќе биде евроинтеграцијата на регионот и политиката на проширување на ЕУ.

На маргините на Самитот, Маричиќ со премиерот Ковачевски имаа средба со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, на која е потврдено дека обединувањето на Западен Балкан во европското семејство останува геополитички приоритет на Унијата.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе одржат две пленарни сесии на кои ќе разговараат за европската перспектива и политиката на проширувањето на ЕУ, заедничките предизвици во областа на миграцијата, сајбер криминалот, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира

Царина и АХВ потпишаа нов меморандум за соработка – Заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Прва заедничка координација на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.