1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје

Христијан Мицкоски е тој кој стои зад блокадите на приватните превизници и хаосот што му е случува на Скопје, обвини СДСМ.

„ Мицкоски исто како и Ленин Јовановски пред локалните избори ја промовираа и поддржуваа Данела Арсовска и од граѓаните бараа поддршка за неа. Арсовска победата со трубачи ја славеше во Белиот дворец, рамо до рамо со Мицкоски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Кај ВМРО-ДПМНЕ е сета одговорност за прекин на блокадите.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Градското собрание, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во сите Управни одбори на јавните градски претпријатија, вклучително и во Јавното сообраќајно претрпијатие. И наместо да преземат мерки за прекин на блокадите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско ги малтретираат скопјани.

Втор ден, Градот е целосно парализиран, илјадници граѓани не можат навремено да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска се главните виновници што Скопје е блокиран град“ порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК