23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Пенов: Блокирањето на Скопје има политичка позадина и поинаква цел

„Овој протест зема посериозен замав и според она како е проектиран тој воопшто не е насочен кон градоначалничката, кон ЈСП или кон долгот на ЈСП, бидејќи ЈСП не е загрозен со овој протест, градоначалничката исто така не е блокирана со овој протест. Единствено блокирани се граѓаните“ изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во неговото гостување на Сител ТВ.

Тој додаде дека доколку долгот бил еден милион евра, само во вчерашниот ден штетата била поголема, ако се земе предвид бензинот што граѓаните го трошат, тоа што бизнисот трпи, а работниците губат работни часови поради доцнење.

„По мене протестот оцртува контури на еден политички протест од типот на ‘гласот на светлината’, бидејќи воопшто не е насочен кон тие кои кон кои што наводно цели“, смета Пенов.

Тој додаде дека јавниот превоз е во рацете на Град Скопје, а мешањето на Владата би било спротивно на процесот на децентрализација кој државата сака да го засили уште повеќе.

„Нам не ни одговара револтот, овој револт е против Владата. Први избори кои следат се парламентарните и претседателските што значи на удар е Владата. Оваа политичка тенденција е со друга цел“, смета министерот за локална самоуправа.