Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопје во солзи: Во сообраќајката синоќа загина малолетник, починал на лице место – Ова се деталите

Во текот на вчерашниот ден во 20 часот и 47 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Козле во истоимената населба во Скопје се случи тешка несреќа меѓу две возила и скутер.

Според информациите на МВР сообраќајната несреќа била помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.

Како што информира МВР во несреќата, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од брзата помош.

Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во информацијата на МВР.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +