22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски готвеше со лицата со попреченост, а утре емисијата ќе се емитува на утринската на Сител: Им благодарам на сите учесници на денешниот натпревар во подготовка на најдобро сервирана и највкусно подготвена храна

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Им благодарам на сите учесници на денешниот натпревар во подготовка на најдобро сервирана и највкусно подготвена храна. Заедно со министерката Тренчевска и нашите тимови од „Порака“, Неготино, го одбележуваме 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Да бидеме човечни и хумани, денес и секој ден да го олеснуваме животот на лицата со попреченост.

Поддршката за поголема инклузивност и интеграција зависи од сите нас. Се залагаме и работиме на создавање општество еднакво за сите.

Благодарност и на Утринската програма на Сител телевизија која ќе го емитува денешното дружење, утре од 10.00 часот, како и на Бобан и Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“ за успешната реализација.