14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Спасовски вечерва се обрати на Политичка академија за социјална демократија, организирана од Прогрес Институт

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Вечерва се обратив на Политичка академија за социјална демократија, организирана од Прогрес Институт за социјална демократија со поддршка на Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска и Меѓународниот Центар „Олоф Палме“ од Шведска.

Разговаравме за македонските безбедносни перспективи произлезени од евроинтеграциските процеси: За имплементацијата на европските стандарди во областите кои се опфатени во Поглавјето 24. Правда, слобода и безбедност, а кои ќе обезбедат спроведување на неселективна борба против сите облици на организираниот криминал; илегална миграција и криумчарење на мигранти; сајбер закани; меѓународната соработка – со земјите од регионот, со агенциите на ЕУ (во прв ред Frontex, Europol, EASO), на ООН (IOM, UNHCR), како и релевантни меѓународни организации (OSCE, ICMPD, DCAF, итн); Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (FRONTEX).

Процесот на преговори со ЕУ несомнено ќе го забрза реформскиот процес во сите сфери на нашето работење, но истовремено ќе отвори и подобри можности, услови за живот за нашите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.