Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ковачевски и Агелер имаа онлајн средба со Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер имавме многу продуктивна средба со Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

На средбата главниот фокус на дискусија беа актуелните меѓународни случувања, борбата против перење пари, како и влијанијата од трети страни.

Нашата борба е заедничка, глобална. Имаме силен партнерски пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација, рече премиерот.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК