Се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет. Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице, вклучувајќи и да направи непосакуван контакт, може да се казни со казна до три години затвор и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата кои ја чувствуваа оние кои досега безодговорно ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, откри премиерот Димитар Ковачевски за новиот закон за родова еднаквост.
-Законот предвидува формирање на Секретаријат, чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост. Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот, но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство, посочи Ковачевски.
Пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат измените и воведувањето на дело „Демнење“, рече Ковачевски.