Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Спасовски со благодарници за алпинистите кои учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина заедно со припадниците на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Единицата за брзо распоредување на МВР во Ѓорче Петров додели благодарници за покажаните храброст, пожртвуваност и хуманост на двајца учесници во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

„Имам огромна чест во име на Министерството за внатрешни работи да ги доделам овие благодарници за исклучителните храброст, пожртвуваност и хуманост на директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари и на алпинистот Надир Мурсели, кои со припадници на МВР учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец“, потенцираше министерот Спасовски.

Имено, веднаш по добиената пријава во попладневните часови на 08.11.2022 беше организирана спасувачка потрага по двајцата планинари во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово, а Министерството за внатрешни работи се вклучи со тим од три возила и 10 припадници кои учествуваа во спасувањето на еден од планинарите, кој беше пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош и извлекувањето со хеликоптер на МВР на телото на планинарот кој почина од при пад од карпа. Притоа, при реализирање на спасувачката акција беше потешко повреден припадник на Единицата за брзо распоредување и началникот на СВР Тетово.

На средбата се разменија искуства од спасувачки мисии со цел унапредување на ефикасноста во самите постапки при таквите мисии и генерално сите ја потврдија максимата дека силата е во заедничката брза реакција.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК