Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

(Видео)Каевски: Два дена Мицкоски не одговара од кого барал власт за да го смени Уставот

„Два дена Христијан Мицкоски се крие, молчи и не одговара на јавно поставени прашања. Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот? Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?“ вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски вели дека „Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања“.

„Познато е лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго. Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа тие стануваат се порадикални во деструктивното дејствување. Мицкоски е слаб, исплашен и очаен, затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“ вели тој.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

ДЕСК

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

ДЕСК

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК