16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: На скрининзите заедно со ЕУ ги утврдуваме слабостите на системот кој ќе се поправат низ преговорите

„Нашата цел не е на тие скрининзи да ја разубавуваме реалноста, ниту да презентираме со розеви очила. Целта е да ги истакнеме достигнувањата, напорите и успесите кои се рално направени, но и да ги покажеме слабостите кои се обврзуваме да ги поправиме во текот на преговорите“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека токму тоа е и целта на преговорите, затоа и тие траат со години за да има време и простор да се надминат сите слабости и недостатоци.

„Не може да ги скриеме слабостите на системот, државата или општеството. Имаме извештаи на Европската комисија секоја година, тие ја знаат реалната состојба. Затоа настапуваме реално и искрено, за заедно да направиме план како тоа да се смени“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот кажа дека токму надминувањето на слабостите и проблемите е во интерес на граѓаните и побара притисок и поддршка од нив за да се сменат работите.

„Важно е процесот на пристапување кон ЕУ и ЕУ како структура да останат популарни меѓу народот, бидејќи само така ќе имаме поддршка за менување на работите“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК