Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Подготвени сме во секоја работна група во преговорите со ЕУ да има претставник од невладините

„Од владата постои волја, објаснувачките скрининзи беа диркетно пренесувани и можеа да ги следат сите граѓански организации. Подготвени сме во секоја работна група да има учесник од граѓанскиот сектор, на начин на кој тие ќе изберат“ изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека моделот на учество ќе го избираат самите невладини организации преку Советот за соработка на Владата и граѓанското општество, за да нема обвинувања и незадоволство околу изборот.

„Наш интерес е невладините да учесствуваат, бидејќи тие имаат сериозна експертиза во некои области, која недостига во одредени институции“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека поканата за учество во преговорите важи и за стопанските комори, кои располагаат со детални податоци за состојбата во бизнисот и економијата.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +