23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Данела го раскина договорот со „Слобода Превоз”

Договорот со здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од договорот.

Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат.

Ги повикуваме сите приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела.

Сметаме дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во овој момент има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани.

Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор.