28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ направи хаос во Скопје, каде завршува разликата во цена што ја плаќа ЈСП?

Соопштение на СДСМ :
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, направи хаос во Скопје, главниот град останува без јавен организиран автобуски превоз.

Резултат на едногодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје е штрајк на приватните превозници, ЈСП пред колапс, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси.

ЈСП и Град Скопје на приватните превозници им должат околу 1,5 милиони евра.

Додека Скопјани мака мачат со превозот, а долговите на ЈСП растат, Јавното сообраќајно претпријатие склучува штетен договор со приватна компанија за купување гориво по цена повисока од реалната.

ЈСП склучило договор за набавка на дизел гориво во наредните две години по цена од 100 денари за литар, односно 118 денари за литар, со ДДВ.

Цената, пак, на дизелот моментално изнесува 86,5 денари за литар, што е за 31,5 денари пониска од таа што е предвидена со договорот.

Каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисока?

Ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните.

Одговорност за ова расипничко трошење на народните пари треба да понесе Управниот одбор на ЈСП, чии членови се главно од ВМРО-ДПМНЕ.