27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нова радосна вест од Владата: Од денеска здрава ужинка за секој ученик

Љупчо Николовски, Министерот за земјоделство најави уште една убава вест за учениците.

– Од училиштата во Центар, започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“ кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, рече министерот Николовски.

Министерот се пофали дека се обезбедува здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.